Конечно го откри љубовниот статус: Ова е новото момче на Лила Филиповска?

Loading...

Најпознатата македонска водителка, Лила Филиповска која може да ја гледаме во квизот „Се или нешто“, по три неуспешни брака до неодамна тврдеше дека нема повторно да заплива во брачните води.

Меѓутоа, изгледа водителката го проминала мислењето, па неодамна во емисијата „Вечер со Тијана“ изјави дека доколку некој ја побара за жена ќе прифати.

„Што мислиш зошто не сум мажена? Па,никој не ме побарал за жена. Доколку некој ме побара, би прифатила. Повторно би се омажила“, изјвави тогаш Лила.

Лила деновиве беше во Охрид, каде што заедно со пријателите уживаше на концертот на Северина.

Меѓутоа, Лила на својот профил на Инстаграм во кратките приказни објави фотографија на која таа е во бикини и во машка прегратка. Момчето кое ја прегрнува Лила не се гледа, но во описот на фотографијата таа стави срце.

Loading...

Comments are closed.