Наутро плива и работи до доцна навечер: Како изгледа денот на Владимир Путин?

Loading...

Владимир Путин е еден од најважните ликови во глобалната политика и често пати неговиот живот е мета на сите медиуми. Многумина се интересираат за неговиот живот и како тој го поминува неговото секојдневие.

Путин работи до доцна навечер, па поради тоа станува доцна наутро, појадокот му е дури на пладне.
Најчесто појадува омлет или варени јајца во комбинација со свеж сок.

Религиозен лидер од Русија, патријархот Кирил, го снабдува претседателот секогаш со свежи намирници директно од неговата фарма, тврдат некои руски медиуми.
По појадокот задолжително пие кафе. Не пие алкохол и е религиозен човек.

Сите знаат дека Путин многу сака да плива па после доручекот следи пливање, а за тоа време во главата крои значајни одлуки за Русија. После пливањето тој вежба во теретана, а сите знаат дека тој има огромна љубов кон спортот и активниот живот и покрај тоа што има 65 години. Во 2015. година е фотографиран како вежба со рускиот премиер Димитри Медведев. Многу често тој се релаксира играејќи хокеј на мраз. Обожава да си игра со своите кучиња.


Во однос на облекувањето, Путин има конзервативен моден стил, сака едноставни класични одела, а експериментира само со вратоврските.

Бидејќи е ноќна птица и работи до доцна, Путин наводно започнува со работа дури попладне, седејќи во канцеларијата и читајќи белешки. Чита извештаи од различни служби, но и објави во медиумите.

За време на патувањата, неговиот тим прави сериозни проверки во собите во кои престојува и храната која му се служи.

Loading...

Comments are closed.