Сопругот кој ја претепа Беквалац се сретна со пејачката: Еве ја нејзината реакција!

Loading...

Вестта за претепувањето на познатата пејачка Наташа Беквалац беше во центарот на вниманието на сите медиуми на овие простори, а пејачката оттогаш немаше директна средба со Лука се до средата кога таа ја донесе малечката Катја во Центарот за социјална работа за да може Лука Лазукиќ да ја види својата ќерка.

Центарот донесе одлука Лука да ја гледа малечката Катја секоја среда по половина час. Тој стигнал 10 минути пред да пристигне Наташа со дадилката.

Ќеркичката Катја останала заедно со дадилката на средбата со нејзиниот татко. Пејачката по неколку моменти излезе сама. Беквалац отиде до автомобилот, каде почека да помине времето дозволено за средбата, а потоа влезе во Центарот по Катја и цврсто ја гушна.

Лука Лазукиќ без зборови седна на моторот и замина. Ова е втор пат што Лука по три месеци ја виде ќерката Катја.

„Судот одлучи Лука да го гледа детето еднаш неделно на половина час. Тоа не е конечна привремена мерка, таа може да се промени, откако повторно ќе се воспостави однос меѓу детето и таткото. Ваквата мерка е во склад со законот имајќи во предвид дека во тек е кривична постапка и возраста на малолетното дете. И гледањето моментално е во Центарот за социјална работа“, рече адвокатката на Лука.
\

Loading...

Comments are closed.