Уапсен мажот кој наводно го предизвикал пожарот во Грција

Loading...

Истражните органи добиле девет сведочења кои укажуваат дека тој е главниот осомничен за предизвикувањето на пожарот.

Како што пренесе грчката телевизија „Скаи“, тој палел трева и суви гранки на брдото над Дао Пентели, кога настанале жарчињата кои одлетале на околната вегетација, а поради високите температури и силните ветрови тие брзо се претвориле во голем пожар.

Кога сфатил колку голем пожар предизвикал и неговите трагични последици, тој се обидел да ги прикрие своите траги со земја и вода на местото каде избил пожарот.

Овој 65 годишен маж е жител на областа Даоу Пентели, жителите на областа неколку пати во минатото го виделе како пали ѓубре и суви гранки.

Loading...

Comments are closed.