Почна да се распаѓа фасадата на новата зграда на МНР

Откако вчера започна да се „распаѓа“ фасадата на новата зграда на МНР, вечерва екипа од „Бетон“ ја замени паднатата лајсна со нова.

Вчера на терасата од канцеларијата на Министерот за надворешни работи, Никола Попоски падна лајсна изработена од лесен бетон, но за среќа во тоа време никој не бил присутен на терасата.

Триесетина килограми тешката лајсна ги исплашила вработените во МНР кои веднаш го активирале обезбедувањето.

По извршениот увид било заклучено дека освен паднатата лајсна немало други оштетувања на зградата.

Од АД „Бетон“ тврдат дека некој од работниците не ставил доволно лепак и поради тоа попуштила лајсната.

(C) 2013 www.mkinfo.mk - Сите права се заштитени