24/11/2024
ПочетнаUncategorizedПо 31 година повторна изведба на монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“

По 31 година повторна изведба на монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“

Драмско студио Тетово ја подготвува изведбата на монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ работена по текст на писателот Јован Дамјановски.

Драмско студио Тетово ја подготвува изведбата на монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ работена по текст на писателот Јован Дамјановски.

Претставата ќе биде изведена на 11 март сабота во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово. Единствената улога на Иконија ја толкува Наташа Петровска, а режисер е Игор Бачоски.

-Оваа монодрама ќе биде изведена за првпат по 31 година. Сега во оваа верзија ние ја модернизиравме, фактички опфаќаме и ново време, но и се навраќаме на старо Тетово со сите белези на нашиот град од 70-тите и 80-тите години. Така подготвувајќи ја, од претстава што требаше да трае 45-50 минути достигнавме до еден час и половина. На многу комичен начин прикажани се сите смешни настани што го носи животот но и тажни моменти. Така Иконија во еден момент се чувствува дека животот и е празен затоа што не успева да оформи семејство, најавува режисерот Игор Бачоски.

На 11 март премиерата на монодрамата ќе биде изведена во големата сала во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ со почеток во 20 часот и претставува претстава за публика над 18 години.

Од Драмското студио додаваат дека во 1992 година кога последен пат била изведена, монодрамата ја одиграла Гордана Георгидијадис, а во режија на Миодраг Николиќ-Панта (1942-2022).

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ