24/11/2024
ПочетнаРегионДачиќ: Дојдовме на терен каде има многу нагазни мини

Дачиќ: Дојдовме на терен каде има многу нагазни мини

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека во меѓународната заедница има „многу негативни коментари“ за ситуацијата во Косово „во врска со незадоволството од политиката на Курти“ и неговото непочитување на договорите постигнати во Брисел.

Дачиќ за телевизија Пинк изјави дека „целта на сето ова е да се создаде атмосфера на несигурност и страв и да се создадат услови за иселување на Србите“ од Косово.

Тој додаде дека „во суштина имаме процес кој оди спротивно од очекувањата на сите кои го водат дијалогот“.

Според него, централно прашање за Србија е формирање на Заедницата на српските општини, што никако да дојде на дневен ред.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ