27/04/2024
ПочетнаСпортЃоковиќ елиминиран во третото коло на турнирот во Индијан Велс

Ѓоковиќ елиминиран во третото коло на турнирот во Индијан Велс

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртото коло на турнирот во Индијан Велс (САД).

Србинот ноќеска во третото коло загуби од Италијанецот Лука Нарди во три сета – 4:6, 6:3, 3:6.

Противник на Нарди кој е 123-та на светското рангирање, во четвртото коло на турнирот ќе биде Американецот Томи Пол.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 9,2 милиони долари.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ