20/08/2026
ПочетнаМакедонијаВо Скопје регистрирани 38 случаи на западнонилска треска и четири смртни исходи,...

Во Скопје регистрирани 38 случаи на западнонилска треска и четири смртни исходи, се интензивира дезинсекцијата

На денешната прес конференција, министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека Министерството за здравство продолжува со засилени активности за информирање и заштита на населението во општините зафатени со зголемено присуство на случаи на западнонилска треска, паралелно со редовните мерки за контрола на популацијата на комарци.

Во однос на епидемиолошката состојба со западнонилска треска, според последните податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со 18 август во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи, од кои дури 37 се во скопскиот регион, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

Епидемијата официјално беше пријавена на 11 август од страна на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел. Досега се евидентирани и четири смртни случаи кај пациенти со развиена невроинвазивна форма на болеста, а само во текот на изминатата недела, од 12 до 18 август, се регистрирани 12 нови случаи.

Поради влошувањето на состојбата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат спровела контроли врз сите активности за дезинсекција. Во тек се систематски и вонредни авионски и терестички третмани за ларвицидна и адултицидна дезинсекција на територијата на Град Скопје, како и во општините Гази Баба, Кисела Вода (Драчево), Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Чучер Сандево и Велес.

Заклучно со 14 август се реализирани повеќе циклуси на третман, вклучувајќи и дополнителни интервенции на сите критични локации со застоени водени површини. Здравствените власти апелираат до граѓаните да применуваат мерки за лична заштита од убоди од комарци и да избегнуваат престој на отворено во периодите кога тие се најактивни.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ