17/11/2026
ПочетнаМакедонијаМицкоски од Брисел: Македонија и натаму се соочува со услови поврзани со...

Мицкоски од Брисел: Македонија и натаму се соочува со услови поврзани со уставните измени

За жал, наместо да го цени нашиот напредок во реформите, Македонија и натаму се соочува со услови поврзани со уставните измени кои задираат во прашањата за идентитетот, рече премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, вчера во своето обраќање на Форумот за проширување на Европската унија – „Форум за проширување на ЕУ 2026“, во Брисел.

„И покрај оваа препрека, остануваме конструктивни, активни и посветени на наоѓање решенија, бидејќи европската перспектива на Македонија мора да биде јасна, предвидлива и заснована врз европските принципи и критериуми“, рече Мицкоски.

На форумот што го организираше Европската комисија, Мицкоски додаде дека Македонија е силно фокусирана на спроведувањето на Реформската агенда, посветена е на модернизацијата на институциите и е целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија.

„Нашето учество во СЕПА (SEPA) и претстојната имплементација на принципот „Роминг како дома“ се конкретни придобивки за граѓаните и потврда за нашата европска ориентација. Проширувањето на Европската унија мора да биде засновано врз заслуги, спроведени реформи и конкретни резултати, со фокус на изградба на поодговорни, поефикасни и транспарентни институции“, додаде Мицкоски во своето обраќање во Брисел.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ