12/11/2026
ПочетнаЕкономијаПовеќе од 200.000 граѓани користеле бесплатен интернет преку проектот „WiFi4WB“: Заврши поставувањето...

Повеќе од 200.000 граѓани користеле бесплатен интернет преку проектот „WiFi4WB“: Заврши поставувањето на мрежите во сите 64 општини

Повеќе од 200.000 граѓани користеле бесплатен интернет преку проектот „WiFi4WB“: Заврши поставувањето на мрежите во сите 64 општини
Над 204 илјади корисници досега се поврзале на бесплатната јавна Wi-Fi мрежа низ Македонија во рамки на иницијативата „WiFi4WB“ (WiFi за Западен Балкан). Поводот за одбележување на овој голем успех беше официјалното завршување на поставувањето на опремата на 72 јавни локации во сите 64 општини кои учествуваа во проектот.
Иницијативата е дел од regionalната програма „EU4Digital“ за дигитална трансформација на Западен Балкан, кофинансирана од Европската Унија и Германската Влада, а ја спроведува ГИЗ (GIZ) во соработка со домашните институции, општините и Македонски Телеком. Бесплатниот интернет е достапен на фреквентни јавни површини избрани од самите општини, како што се плоштади, паркови, библиотеки и културни центри.
Евроамбасадорот Михаел Рокас истакна дека дигитализацијата е меѓу клучните приоритети на ЕУ и додаде дека овој проект им нуди на сите граѓани и посетители еднакви можности во дигиталната сфера.
Германската амбасадорка Петра Дрекслер потенцираше дека стабилниот интернет пристап веќе не е луксуз, туку есенцијална потреба за образование, вработување и користење на јавните услуги, нагласувајќи дека проектот премостува важни јазови во локалната инфраструктура.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека вистинскиот успех на дигитализацијата се гледа директно на терен и во секојдневието на граѓаните, а не само во стратешките документи.
Главниот извршниот директор на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, потврди дека компанијата обезбедила највисоки технолошки стандарди за да овозможи вистинска дигитална инклузија за сите заедници.
Проектот „WiFi4WB“ е инспириран од европската програма „WiFi4EU“ и досега има обезбедено околу 500 бесплатни Wi-Fi зони ширум регионот на Западен Балкан, со што се прави значаен чекор кон усогласување со дигиталните стандарди на ЕУ.
spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ