Денес во Скопје официјално започна IDO European Dance Championship 2026, еден од најголемите европски танцови настани, кој од 21 до 29 септември ќе се одржува во Т-Арена, во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Во следните девет дена македонската престолнина ќе биде домаќин на повеќе од 2.900 танчери од бројни европски земји, кои ќе настапуваат во различни танцови дисциплини и категории, претставувајќи го најдоброто од европската танцова сцена.
Првенството носи во Скопје врвни танчери, тренери, судии, делегации и бројна публика, со што градот станува место на средба на различни култури, традиции и генерации обединети преку танцот.
Покрај силната културна димензија, IDO European Dance Championship 2026 претставува значаен меѓународен настан за Скопје и Македонија, придонесувајќи кон промоција на градот како домаќин на големи европски манифестации, како и кон зголемена посетеност на хотелите, угостителските објекти и туристичките содржини.
Еден од централните моменти на првенството ќе биде Парадата на нациите, на 25 септември во 14:30 часот, кога учесниците ќе ги претстават своите земји во атмосфера посветена на пријателството, почитта, културната размена и заедништвото.
Првенството ќе трае до 29 септември, а Скопје во овие денови ќе живее во ритамот на танцот, енергијата и младоста.
Скопје е европски центар на танцот.