09/03/2026
ПочетнаМакедонијаМуцунски ги пречека евакуираните македонски државјани од Обединетите Арапски Емирати во Скопје

Муцунски ги пречека евакуираните македонски државјани од Обединетите Арапски Емирати во Скопје

Синоќа авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје. Евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток се врши со комерцијални чартер летови.

Евакуираните македонски државјани ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски.

Муцунски изјави дека процесот на евакуација е целосно координиран и спроведен од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во соработка со надлежните институции.

„Ова уште еднаш ја потврдува подготвеноста и институционалниот капацитет на државата брзо, координирано и одговорно да реагира во кризни ситуации“, напиша Муцунски во објава на социјалните мрежи.

Министерот најави дека се очекува евакуацијата на преостанатите македонски државјани од погодените подрачја на Блискиот Исток да биде завршена во наредните денови.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ