09/03/2026
ПочетнаМакедонијаМуцунски во разговор со Ал Мураихи: Остра осуда за нападот врз Катар...

Муцунски во разговор со Ал Мураихи: Остра осуда за нападот врз Катар и силна поддршка за неговиот суверенитет

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи.

Во текот на разговорот, министерот Муцунски упати остра осуда за отворениот ирански напад насочен кон територијата на Катар, оценувајќи го чинот како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и грубо кршење на државниот суверенитет и територијалниот интегритет. Тој изрази цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар, потврдувајќи дека Македонија ги поддржува сите мерки и одлуки преземени со цел заштита на безбедноста и стабилноста на државата.

Муцунски дополнително нагласи дека во услови на енормно зголемени регионални тензии, од суштинска важност се воздржаноста, одговорноста и засилениот дипломатски ангажман. Според него, само преку дијалог може да се спречи понатамошна ескалација и да се зачуваат мирот и стабилноста во целиот регион.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ