24/11/2024
ПочетнаЕкономијаРаст на цените на нафтата

Раст на цените на нафтата

Цените на нафтата на меѓународните берзи денеска бележат раст откако ураганот Франсин речиси го преполови производството во американскиот Мексикански Залив.

На берзата во Лондон барел нафта се тргуваше за 72,71 долари, што е зголемување за 74 центи во однос на вчера.

На американските берзи барел нафта се продаваше за 69,99 долари, што е зголемување за 1.02 долари од вчерашната цена.

Поради ураганот Френсис вчера беа затворени речиси 42 проценти од производството на нафта.

И Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ги намалија прогнозите за раст на побарувачката за нафта оваа недела, а како причина ја наведуваат зголемената продажба на електрични возила.

ОПЕК објави дека барел нафта во нејзините земји-членки вчера се продаваше за 1,58 долари повеќе односно за 72,42 долари.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ