09/03/2026
ПочетнаКултура„Сила“ во Македонската филхармонија: Концерт по повод Денот на жената

„Сила“ во Македонската филхармонија: Концерт по повод Денот на жената

Овој четврток, со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе одржи симфониски концерт по повод Денот на жената, насловен „Сила“. Под диригентската палка на извонредната Ребека Тонг од Индонезија и со солистички настап на меѓународно признатиот пијанист Ендру фон Ојен, публиката ќе има прилика да ужива во ремек-делата на француските мајстори Габриел Форе, Камиј Сен-Санс и Клод Дебиси.

Маестра Тонг доаѓа во Скопје како победничка на престижниот натпревар „La Maestra“ во Париз и диригентка со богата меѓународна кариера која вклучува настапи со водечките оркестри во Лондон, Берлин и Париз. Нејзиниот пристап кон музиката е длабоко поврзан со верувањето во моќта на уметноста да ги обединува заедниците. На сцената ќе ѝ се придружи Ендру фон Ојен, пијанист познат по својата елегантна техника и соработки со светските филхармонии во Лос Анџелес, Филаделфија и Прага. Со програма која ги обединува „Паваната“ на Форе, Вториот концерт за пијано на Сен-Санс и импресионистичката скица „Море“ на Дебиси, овој концерт ветува врвно естетско искуство и достоинствено одбележување на празникот.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ