19/09/2025
ПочетнаМакедонијаСтоилковиќ на прием кај српскиот претседател Вучиќ, во чест на младите спортисти...

Стоилковиќ на прием кај српскиот претседател Вучиќ, во чест на младите спортисти дел од кампот „Србија те зове 2025“

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска присуствуваше на прием организиран од страна на претседателот на Србија Александар Вучиќ, а во чест на младите спортисти, учесници во кампот „Србија те зове“.

Шестиот по ред годишен спортско-едукативен собир на деца и млади од дијаспората „Србија те зове“ започна во комплексот на Домот на ученици од средните училишта „Патријарх Павле“ во Белград, а дел од него беа и деца од нашата земја.

Инаку, на приемот одржан во Палатата Србија освен вицепремиерот и министер Стоилковиќ присуствуваа и српскиот министер без ресор задолжен за односи со дијаспората Ѓорѓе Милиќевиќ, како и тамошниот министерот за спорт Зоран Гајиќ.

На кампот отворен на 2 август учество зедоа рекорден број деца – вкупно 436 од 18 различни земји, меѓу нив најбројни беа од Босна и Херцеговина и Македонија, а покрај спортските активности, кампот имаше и воспитно образовен карактер, преку дружење и создавање нови пријателства, исто така, и запознавање со богатата историја и туристичките убавини на Белград.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ