24/11/2024
ПочетнаСветВрховниот суд на Израел ја разгледа петицијата против законот што го штити...

Врховниот суд на Израел ја разгледа петицијата против законот што го штити Нетанјаху

Врховниот суд на Израел денеска ја разгледа петицијата против законот кој го штити израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од импичмент поради тврдењата дека е во конфликт на интереси бидејќи му се суди за корупција.

Во март, владејачката коалиција на Нетанјаху донесе закон со кој се ограничува смената на премиерот само ако тој е здравствено или ментално некомпетентен.

Ова го штити Нетанјаху да не биде прогласен за несоодветен за функцијата поради судење за корупција и наводи за конфликт на интереси.

Критичарите на законот велат дека тој е направен за Нетанјаху и дека ја поттикнува корупцијата.

Неколку десетици луѓе протестираа пред Врховниот суд во Ерусалим додека судиите ја слушаа петицијата на движењето за квалитетна влада во Израел.

Законот донесен на почетокот на оваа година предвидува дека премиерот може да се смета дека не е способен да владее само од здравствени и психички причини и за тоа да одлучува само тој и владата, а не врховниот обвинител.

На Нетанјаху му се суди за измама, нарушување на довербата и поткуп во три одделни случаи.

Врховниот суд заседаваше во време кога израелскиот лидер и неговите сојузници се обидуваат да донесат низа закони за реформи во правосудството кои имаат за цел да го ослабат и да и дадат контрола на владејачката коалиција врз назначувањето на судиите.

Не е познато кога судот ќе ја соопшти одлуката за претставката.

Планот за реформи во правосудството предизвика повеќемесечни протести во поделената земја.

Противниците на реформата предупредуваат дека таа ќе ја концентрира моќта во извршната власт и ќе го поткопа системот на контроли и рамнотежи.

Нетанјаху и неговите сојузници, кои дојдоа на власт во декември по петти по ред избори за помалку од четири години, велат дека промените се неопходни да го заузда претерано активистичкиот суд со судии кои не се избрани на избори.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ