На покана на премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џаин ќе се обрати на почетокот на седницата на Владата на Република Северна Македонија, што треба да се одржи денеска.
Како што соопштија од владината прес-служба, Ларсон Џаин пред претставниците на Владата ќе направи осврт на приоритетите и актуелностите на Шведското претседателство со Советот на ЕУ.
За заклучоците и одлуките од владината седница, јавноста ќе биде информирана по завршување на седницата, наведуваат од прес -службата на Влада.