25/11/2024
ПочетнаUncategorizedБалканот преплавен со нелегално оружје, во Македонија има половина милион парчиња

Балканот преплавен со нелегално оружје, во Македонија има половина милион парчиња

Балканот а со тоа и Македонија е регион во светот кој е ретко полн „магацин” на милиони парчиња на нелегално оружје. Токму ова балканско оружје кое е наследство од војните но и бренд од воените индустрии кои профитираат со продажба неделава за жал се најде во раце на младинци и деца во Србија кои извршија два грозоморни масакри.

Имено овој проблем со кој се соочува регионот сериозно влијае на безбедноста на повеќе држави од поранешна Југославија и истиот секоја година се нотира во извештаите на меѓународните организации кои се бават со истражувања на оваа тема.

Сепак сопственоста и поседувањето на оружје, пак, значително се разликува низ целиот свет. Повеќе од 175 земји во светот им дозволуваат на своите граѓани да поседуваат огнено оружје, иако повеќето имаат специфични прописи за сопственост, како што е забраната на одредени видови.

Кога станува збор на Балканот и посебно на просторот на некогашната СФРЈ која се распадна после неколку годишни крвави воени судирања, истражувањата покажуваат дека и натаму во приватни раце што легално, а што нелегално има многу од ваквото оружје.

Британскиот Би-Би-Си, анализирајќи ја ваквата ситуација со личната вооруженост на српските граѓани, има напишано дека Србија има дури дури осум пати повеќе вакво оружје во приватни раце во споредба со бројката за Англија, Велс и Шкотска и четири пати повеќе од сознанијата за поседувањњто лично оружје во Северна Ирска, када 35 години ( до 1998 година) беснееше граѓанска војна.

Многу оружје на Балканот, Македонија во „златна“ средина

Велика Британија, во секој случај, е при дното на европските земји кога станува збор за поседувањето лесно оружје во приватни раце. Франција и Германија со 20 парчиња на 100 лица се пред Британците, но зад некои од нордиските земји. Таа бројка е многу поголема во Финска – 32,4 и во Норвешка- 28,8 парчиња.

Сепак Република Србија е прва во Европа според бројот на огнено, лично оружје што ги имаат нејзините граѓани покажува истражувањето на агенцијата за ваков вид вооружување. Дури 39,2 парчиња на 100 луѓе кои живеат во државата. Во Босна и Херцеговина ваквата бројка изнесува 31, 2 на 100 лица, во Косово 23,8 во Македонија 29,8 во Словенија 15,6 додека во Хрватска 13,7 парчиња лесно оружје на 100 лица.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ