27/11/2024
ПочетнаUncategorizedБесплатна изведба на „Само глас“ на МНТ по повод Светскиот ден на...

Бесплатна изведба на „Само глас“ на МНТ по повод Светскиот ден на театарот

По повод Светскиот ден на театарот, 27 март, Македонскиот народен театар ги отвора вратите за сите граѓани.

Публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во која играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски.

Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани светската порака од Самиха Ајуб, египетска актерка, и македонската порака од Теута Ајдини-Јегени, актерка.

Како што соопштија од МНТ, билетите се подигнуваат на денот на изведбата од 14:00 часот на билетарницата на МНТ.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ