25/11/2024
ПочетнаUncategorizedВажно инфо од УЈП: Потврда или корекција на даночните пријави за 2022...

Важно инфо од УЈП: Потврда или корекција на даночните пријави за 2022 година до крај на мај

Граѓаните треба да извршат увид во Годишните даночни пријави за лани што Управата за јавни приходи ги постави на корисничките профили во „е- Персонален данок“, за вкупниот доход кој го оствариле. Управата соопшти дека секој кој е регистриран на системот „е- Персонален данок“ е должен на својот кориснички профил да ја прегледа Годишната даночна пријава за 2022 година и да ја потврди доколку се согласува со податоците содржани во неа, или пак да ја коригира доколку смета дека податоците не се точни.

Посочуваат дека рокот за потврда или корекција на даночната пријава е 31 мај 2023 година и потенцираат дека по истекот на законскиот рок потврдените пријави и пријавите кои ниту биле потврдени, ниту коригирани ќе се сметаат за конечни и ќе добијат таков статус, додека по коригираните даночни пријави ќе се одлучува во рок од 60 дена.

„Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за минатата година. Кај обврзниците во чија Годишна даночна пријава се појавува обврска за доплата на данок, по добивањето на конечниот статус ќе се изгенерира налог за доплата, кој се наоѓа во самата даночна пријава, а кај обврзниците каде се појавува повеќе платен данок, може да искажат барање за враќање на данокот во самата пријава“, соопштија од Управата за јавни приходи.

Апелираат до граѓаните кои оствариле доход во земјата и странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ