26/11/2024
ПочетнаUncategorizedГрупата Вагнер престанува да постои?!

Групата Вагнер престанува да постои?!

Групата Вагнер, која го предводи нападот на Бахмут во Украина и која учествува во конфликтите во Африка, наскоро може да престане да постои, изјави нејзиниот основач Евгениј Пригожин кај рускиот блогер Семјон Пегов. Снимка од разговорот беше објавена синоќа.

Не е јасно кога е направена снимката, ниту колку е сериозен Пригожин.

Тој претходно оваа недела рече дека се шегува кога објави дека Вагнер ќе престане да го гранатира Бахмут за да можат украинските сили да им го покажат градот на западните новинари.

– Сега доаѓаме до точка каде завршува Вагнер. Вагнер за кратко време ќе престане да постои. Ќе станеме историја, нема причина за грижа, вакви работи се случуваат – изјави Пригожин, пренесе Ројтерс.

Пегов го објави видеото на својот канал Телеграм.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ