Ед Ширан се расплака откако поротата одлучи дека неговата хит песна „Thinking Out Loud“ не е копија на песната „Let’s Get It On“ на Марвин Геј. Судот пресуди дека сопствениците на правата на песната „Let’s Get It On“ не успеале да докажат дека Ширан, неговиот ко-композитор, како и неговата издавачка куќа „Ворнер Мјузик Груп“ и „Сони Мјузик Паблишинг“, ги прекршиле нивните авторски права.
Пејачот изјави дека „очигледно е многу среќен со исходот на случајот“, додавајќи „изгледа дека на крајот на краиштата не треба да се повлечам од мојата работа“. Ширан, исто така, потенцираше дека поради судењето пропуштил да биде со своето семејство на погребот на неговата баба во Ирска.
За време на судењето, Ед Ширан пееше и свиреше делови од песната „Thinking Out Loud“. Тој рече дека ја напишал песната дома, во Англија со неговата пријателка Ејми Веџ и дека бил инспириран од неговите баба и дедо и новата романтична врска што штотуку ја започнал.