27/11/2024
ПочетнаUncategorizedЗдравствената состојба на Берлускони постепено се подобрува, тврдат неговите лекари

Здравствената состојба на Берлускони постепено се подобрува, тврдат неговите лекари

Здравствената состојба на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој се лекува во болница поради инфекција на белите дробови предизвикана од хронична леукемија, постепено се подобрува, соопштија денеска неговите лекари.

„Во текот на последните 48 часа има прогресивно и постепено подобрување на функциите на органите кои се следат“, велат лекарите Алберто Зангрило и Фабио Цицери во кусото соопштение.

Лекарите подоцна откриле дека Берлускони „веќе некое време“ боледува од хронична миеломоноцитна леукемија (ХМЛ) и дека неодамна добил инфекција на белите дробови.

„Цитостатските, антимикробните и противвоспалителните терапии ги даваат очекуваните резултати, што ни овозможува да изразиме внимателен оптимизам. Берлускони останува на одделот за интензивна нега во болницата „Сан Рафаеле“, додадоа Зангрило и Цицери.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ