Честитки до Реџеп Таип Ердоган, за новиот претседателски мандат, упати премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи.
„Големото и традиционално пријателство помеѓу Северна Македонија и Турција продолжуваме да го развиваме на билатерален економски план и во рамки на партнерството во НАТО.
Пред нас се предизвиците на глобален план и уверен сум дека како и досега, ќе работиме заедно и со уште поголема посветеност на сигурноста и стабилноста на регионот и Европа и мирот во светот“, се вели во честитката на Ковачевски.