26/11/2024
ПочетнаUncategorizedКостадиновска- Стојчевска: Културното наследство клучен ресурс за обликување на европскиот идентитет

Костадиновска- Стојчевска: Културното наследство клучен ресурс за обликување на европскиот идентитет

– Културата не е само минатото, туку е и нашата иднина, беше една од главните пораки на панел дискусијата на Делфи економскиот форум, посветена на културното наследство во државите од Западен Балкан на нивниот пат кон Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина.

На панел дискусијата предвидено беше да учествува и министерката за култура на Северна Македонија Бисера Костадиновска- Стојчевска, меѓутоа од здравствени причини не беше во можност да биде во Делфи, а во нејзино име говорот го прочита нејзината советничка Оливера Ливриниќ.

Во говорот, таа ја истакна важноста на културното наследство и на соработката меѓу земјите од регионот посочувајќи дека „Западен Балкан со право се нарекува и крстосница на цивилизациите“, a ги спомена и преземените иницијативи за зближување, како и размената на искуства и информации.

-Кога на земјите од Западен Балкан им отворате прозорец за културна соработка и им помагате во надминувањето на бариерите за регионално поврзување и во градењето капацитет за меѓусебна соработка, вие, всушност, ширум ја отворате вратата и за големиот потенцијал на културата од овој дел на Европа, порача министерката за култура.

Истакна дека „културното наследство е клучен ресурс за обликување на нашиот европски идентитет“, ресурс без кој и економскиот раст е бесмислен.

-Ако појавата на телевизијата од светот создаде „глобално село“, загрижувачко е чувството дека климатските промени забрзано нѐ водат кон „глобално исчезнување“. Оттаму, акцијата за зачувување на културното наследство е и акција за спас на нашиот заеднички дом. Работењето на таа свест, за мене, е најблагородното „работно место“ во овој момент, истакна министерката за култура.

На панел- дискусијата во рамки на Економскиот форум во Делфи учествуваа и заменик- министерката за култура на Албанија, дипломатскиот советник на градоначалникот на Атина, како и претседателката на организацијата за животна средина и култура.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ