– Британскиот крал Чарлс Tрети беше крунисан на церемонија во Вестминстерската опатија со круната на Свети Едвард ставена на главата, моментот обележан со плотуни низ Обединетото Кралство.
Чинот на крунисувањето се одржа на половина од двочасовната церемонија предводена од надбискупот од Кентербери, Џастин Велби.
Пред тоа, Чарлс Трети положи заклетва за крунисување потврдувајќи дека ќе ги почитува законите и Англиската црква за време на неговото владеење и дека е „верен протестант“.
По седнувањето на историскиот крунисувачки престол, на кралот му бил врачен кралскиот меч за да ги заштити правдата, Црквата и народот, а доби и други кралски обележја, како што се жезло, палка, златно јаболко, ракавици и прстен.
Плотуни беа испукани во моментот на крунисувањето на 11 локации низ Обединетото Кралство, вклучувајќи ги Единбург, Кардиф и Белфаст, како и од бродови на британската кралска морнарица. паг/