24/11/2024
ПочетнаUncategorizedМакедонските ракометарки од денеска во Турција на два контролни натпревара

Македонските ракометарки од денеска во Турција на два контролни натпревара

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација денеска патува за Анкара каде оваа недела ќе одигра два пријателски натпревара против Турција.

Како што соопшти Ракометната федерација на Македонија (РФМ), натпреварите се предвидени за утре, со почеток во 17 часот, и в сабота во истиот термин.

Двата контролни натпревара против Турција селекторот на македонската репрезентација Љубомир Савевски ќе ги искористи да го подготви тимот за претстојниот бараж за пласман на Светското првенство кое оваа година ќе се одржи ви Данска, Шведска и Норвешка.

Противник на македонските ракометарки во баражот ќе биде Украина.

Македонскиот состав ќе биде домаќин на првиот натпревар на 7 /8 април, додека реваншот е на 11/12 април.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ