Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел оствари средба со Сајмон Мордју, советникот за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, на која разговараа за европската перспектива на Северна Македонија и регионот, во услови на новата геополитичка реалност.
– Имаме иста желба и цел, наскоро Северна Македонија да ја видиме во рамките на ЕУ. Вратата на ЕУ е отворена, задачите кои ги имаме мора да ги исполниме и да продолжиме со земјите кои преговаат со ЕУ на патот кон членство во Унијата, рече Маричиќ.
Соговорниците се согласија дека оваа година Северна Македонија треба успешно да заврши дел од обврските кон ЕУ и да го отвори првиот кластер „Фундаментални вредности“.
Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ на состанокот посочи дека македонската Влада е свесна за предизвиците и дека е подготвена да работи на нивно надминување и на европските реформи.