24/11/2024
ПочетнаUncategorizedМаричиќ од Брисел: Процесот на преговори со ЕУ го отвора пазарот на...

Маричиќ од Брисел: Процесот на преговори со ЕУ го отвора пазарот на труд

Во Брисел во тек е одржувањето на билатералниот скрининг за скрининг состанок за Поглавје 2 „Слободно движење на работникот“, за кое вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во своето видеообраќање од Европската комисија, кажа дека ова е многу важно поглавје за македонските граѓаните, бидејќи со усогласувањето со законодавството на ЕУ се отстрануваат бариерите поврзани со европскиот пазар на трудот, а неговото отворање ќе го направи македонскиот работник повеќе вреднуван.

– Со пристапувањето на Северна Македонија во Унијата, за македонските граѓани ова значи работа без работна дозвола, еднаков третман при вработувањето како и со државјаните на останатите земји членки на ЕУ, еднакво социјално осигурување како граѓаните на земјата-членка каде што работникот е вработен, право на пензиски и социјални придонеси, меѓусебно признавање на квалификациите, вели во видеообраќањето Маричиќ.

Како што соопшти СЕП, вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ вели дека имаме направено низа реформи во оваа област, но уште треба да се направи, посочувајќи дека Северна Македонија има склучено 15 билатерални договори за социјално осигурување со земји-членки на Европската Унија, а со 9 земји-членки на ЕУ за користење на Европската картичка за здравствено за осигурување на територијата на Северна Македонија.

Оваа недела во Брисел на скрининг агендата беа Поглавјата 9, „Финансиски услуги“, 28, „Заштита на потрошувачи и јавно здравје“, а денеска во моментов во тек е скрининг состанокот за Поглавје 2 „Слобода на движење на работници“, поглавја кои како што вели Маричиќ содржат прописи исклучително важни за граѓаните и квалитетот на животот, но и за финансиската и макроекономската стабилност на Северна Македонија.

– Ни останува уште да презентираме за постигнувањата и усогласувањата со ЕУ за Поглавјето 8, „Конкуренција“ многу важно поглавје од Кластерот 2 „Внатрешен пазар“, и според предвидениот календар продолжуваме со третиот кластер, најави Маричиќ.

Вицепремиерот оценува дека преговорите со ЕУ се одвиваат по планот и дека македонскиот преговарачки тим успешно го води скрининг процесот и дека е важно да го задржиме ова темпо и да одржиме континуитет во преговорите со ЕУ.

– Тоа ќе наметне забрзување на реформите, што е секако во наш интерес, за добро на државата и на граѓаните. Да докажеме дека сме сериозна држава за членство во ЕУ и дека сме исполнителни во спроведувањето на нашите обврски и европската реформска агенда. Во ноември оваа година подготвени за следната фаза, да продолжиме понатаму и граѓаните да почнат вистински да ги чувствуваат придобивките од пристапните преговори со ЕУ, порача Маричиќ.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ