Украински камикази наводно стојат зад големиот напад на складиште за нафта на Крим, кој е под руска окупација. Доколку се покаже дека е вистина, овој напад би можел да го означи почетокот на големата украинска контраофанзива, бидејќи Украина во повеќе наврати изјави дека нејзината почетна точка ќе биде овој полуостров, кој се обидува да го врати од Русија од 2014 година.
Имено, како што тврди руската страна, рано утринава украински камиказе беспилотни летала нападнале рафинерија и складиште за нафта на руската армија во заливот Козача кај Севастопол.
Беспилотните летала се урнале во четири часот наутро по локално време на рафинеријата. Следуваше страшна експлозија, а над градот се издигна оган и густ црн чад. За гаснење на пожарот испратени се голем број противпожарни единици. Испратено е и противпожарно возило. Русите го оценија овој пожар на ниво 4 на скала од 18.
Воодушевувачките снимки од местото на настанот, кои масовно се дистрибуираат на социјалните мрежи, покажуваат како небото поцрнува над Севастопол, кој го фатија Русите. Од огромниот пожар извира густ чад, а облак како џиновска печурка може да се види со километри наоколу по две масивни експлозии.
Исто така, се гледаат пламени кои ги зафатија резервоарите за складирање гориво и густ облак од црн чад што се издига над градот.
Инаку, ова не е првпат цели на Крим да бидат нападнати од украински беспилотни летала, а властите во Киев со месеци подготвуваат офанзива за да ја вратат контролата врз полуостровот, кој во 2014 година беше окупиран од Русите.