27/11/2024
ПочетнаUncategorizedОтворен конкурс за учество на Саемот „Добро утро креативци“

Отворен конкурс за учество на Саемот „Добро утро креативци“

Отворен е конкурсот за учество на Саемот за размена на креативни искуства и размисли „Добро утро креативци“, што оваа година ќе се одржи по третпат, во организација на „Скала магазин“.

Организаторите ги повикуваат сите млади креативци – средношколци и студенти да се пријават на отворениот конкурс. Темата е „Мојот идентитет, утрото по 2023 година“, а се однесува на новото време и технологиите кои се предизвик за создавање и дискусија за нивното користење.

Целта е, како што посочија, на едно место да се соберат и претстават актуелните случувања во креативните индустрии, уметноста, дизајнот, културата.

-Оваа година програмата ќе вклучува панел дискусии, галериска изложба и музички перформанси. Фокусот на настанот ќе биде кон образованието и новите технологии, велат од „Скала магазин“.

Уметничките дела можат да бидат во било кој визуелен медиум: видео арт, сликарство, фотографија, илустрација, постер, графика, колаж, скулптура, комбинирани техники. Секој автор/ка може да пријави максимум три дела, најдоцна до 25 април.

Саемот ќе се одржи на 5 мај во просториите на „Јавна соба“ во Скопје.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ