– Телевизискиот канал на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, ТВ Барса, по 24-годишно постоење ќе престане да емитува програма, образложувајќи ја одлуката со решението да не го продолжи договорот до операторот Телефоника.
Како што денеска објавија шпанските медиуми, одлуката е последица на финансиските проблеми во кои се наоѓа Барселона.
Извор близок до телевизискиот канал посочи дека со затворањето на ТВ Барса без работа ќе останат околу 130 луѓе.
ТВ канал беше формиран во 1999 година во време кога претседател на Барселона беше Жозеп Луиз Нуњез.