На граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојба на патиштата.