27/11/2024
ПочетнаUncategorizedПретседателот Пендаровски во посета на Париз

Претседателот Пендаровски во посета на Париз

Претседателот Стево Пендаровски од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, соопшти неговиот кабинет.

Пендаровски утре во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов, настан во рамки на одбележувањето на „2023 – Година во чест на Ацо Шопов“, што се реализира под покровителство на македонскиот претседател. Исто така, претседателот Пендаровски ќе присуствува на поетски перформанс и изложба во чест на Шопов.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле.
Македонскиот претседател денеска во Париз ќе го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде ќе оствари средба со директорот на институтот, Жан Франсоа-Хуше, како и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при ИНАЛКО и Ѓоко Здравески, лектор по македонски јазик на институтот.

Претседателот Стево Пендаровски е покровител на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, што се одбележува со низа настани во текот на 2023 година.

Чествувањето на големиот јубилеј е во соработка со Организацијата за образование, наука и култура на ОН – УНЕСКО, којашто на иницијатива на Република Северна Македонија, го поддржа и се вклучи во одбележувањето на јубилејот.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ