26/11/2024
ПочетнаUncategorizedРуски подморници спроведоа вежба за напад во Јапонското Море

Руски подморници спроведоа вежба за напад во Јапонското Море

Две подморници на руската Пацифичка флота во Јапонското Море изведоа вежба за напад со торпедо против лажна непријателска подморница, соопшти службата за односи со јавноста на флотата.

Вежбата се одржа во согласност со планот за борбена обука на флотата, се додава во документот.

На 14 април Русија почна ненадејна проверка на Тихоокеанската флота, која е ставена во највисоко ниво на подготвеност, како дел од инспекцијата насочена кон зајакнување на одбранбените способности.

– Главната цел на таа инспекција е да се зголеми способноста на вооружените сили да одбијат агресија на веројатен непријател од правец на океанот и морето, изјави тогаш Шојгу на државната телевизија.

За време на вежбата, беше симулирано непријателско слетување на рускиот остров Сахалин и неговите јужни Курилски острови, за кои Јапонија и Русија имаат територијален спор уште од крајот на Втората светска војна.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ