26/11/2024
ПочетнаUncategorizedСАД им го екстрадираа на властите во Перу поранешниот претседател Алехандро Толедо

САД им го екстрадираа на властите во Перу поранешниот претседател Алехандро Толедо

Поранешниот перуански претседател Алехандро Толедо пристигна во Перу од САД, кои им го екстрадираа на властите во Лима поради обвинението за примање мито во износ од десетици милиони долари.

Британските медиуми пренесуваат дека со оваа екстрадиција Толедо стана третиот поранешен претседател на оваа јужноамериканска земја кој завршува во затвор.

До судењето, Толедо ќе биде во притвор 18 месеци, во казнено-поправен дом во близина на главниот град Лима. Поранешните претседатели Алберто Фуџимори и Педро Кастиљо се наоѓаат во истиот затвор.

Адвокатот на Толедо кажа дека ќе побара неговиот клиент да биде во домашен притвор поради здравствени причини.

Толедо, кој беше претседател на Перу во периодот од 2001 до 2006 година, во петокот им се предаде на американските власти и вчера експресно беше екстрадиран во Лима. Властите го обвинуваат дека примил 35 милиони долари мито од бразилската градежна компанија „Одербрехт“, а за возврат им овозможил да добијат работи за изградба на автопатот.

Тој ги отфрли обвиненијата за корупција.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ