27/11/2024
ПочетнаUncategorizedСи Џинпинг ја започнува посетата на Москва

Си Џинпинг ја започнува посетата на Москва

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ја започнува посетата на Русија, што е негова прва посета на странска земја откако беше избран по третпат за претседател на Кина, а исто така прва посета на Русија од почетокот на руско-украинскиот конфликт во февруари 2022 година.

Посетата ќе ги постави основите за развој на кинеско-руските односи во следните пет години и ќе го продлабочи меѓусебното разбирање на Москва и Пекинг за важни меѓународни и регионални прашања, пренесува РИА Новости.

Си Џинпинг од денеска до 22 март ќе биде во посета на Москва на покана на рускиот претседател Владимир Путин, а лидерите ќе разговараат за прашања за натамошен развој на соработката меѓу двете земји, соопштија Москва и Пекинг.

Си и Путин ќе разговараат за кинеско-руското сеопфатно стратешко партнерство, ќе разменат мислења за важни меѓународни и регионални работи и ќе ја промовираат соработката меѓу двете земји, соопшти претходно кинеското Министерство за надворешни работи.

Портпаролот на кинеското МНР, Ванг Венбин, во петокот изјави дека посетата на Си на Москва дополнително ќе ја продлабочи меѓусебната доверба и разбирање на двете земји, нагласувајќи дека тоа ќе биде и патување насочено кон зајакнување на мирот.

Волстрит журнал, повикувајќи се на свои извори, објави дека по посетата на Москва, Си Џинпинг би можел да одржи онлајн средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Кина постојано нагласува дека Пекинг „игра конструктивна улога“ во решавањето на украинската криза.

На 24 февруари кинеското Министерство за надворешни работи објави документ од 12 точки за политичко решение на украинската криза.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ