24/11/2024
ПочетнаUncategorizedСо 54 дрона Русите синоќа го нападнале Киев, Украина јавува за еден...

Со 54 дрона Русите синоќа го нападнале Киев, Украина јавува за еден загинат

Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија синоќа го гаѓала Киев со 54 беспилотни летала – од кои 52 биле успешно соборени.

Украина соопшти дека тоа е најголемиот напад со беспилотни летала врз градот од почетокот на војната, а е во пресрет на роденденот на градот.

Се вели дека Москва цели на воени и критични инфраструктурни објекти во централна Украина, особено во регионот на Киев.

Најмалку едно лице загинало во нападите, а тројца се ранети, тврди украинската страна.

Се наведува дека воглавно се работи за беспилотни летала Шахед од иранско производство, а нападот се случил во неколку бранови.

Првите експлозии во главниот град биле пријавени по 1 часот по полноќ по локално време. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, по 03:00 часот по локално време на Телеграм напиша дека градската воздушна одбрана е повторно во акција за соборување на беспилотни летала над Киев.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ