Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска се сретна со Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.
На средбата, како што соопштија од Кабинетот на Пендаровски, е потврдено долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, кое се отсликува преку постојаната британска поддршка за клучните прашања од нашата независност до денес, а билатералните односи се карактеризираат со динамичен политички дијалог на високо ниво.
Пендаровски и Пич размениле мислења и информации за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, за соработката и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата, безбедносната ситуација во регионот и Европа во контекст на војната во Украина, како и за билатерални прашања од взаемен интерес.