24/11/2024
ПочетнаUncategorizedЧеститка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај – Националниот ден на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 23 Mај – Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница во Република Северна Македонија.

– На овој ден во 1905 година бил издаден декрет со којшто во рамките на Отоманската Империја била призната реалноста дека Власите се посебен народ со свој јазик, своја култура и со свој идентитет. Со тоа се отвори ново поглавје во долгата и богата историја на влашкиот народ, што сведочи и за големиот придонес на Власите во борбата за слободна и независна македонска држава. Денес, припадниците на влашката заедница во Северна Македонија го остваруваат правото на граѓанско и на политичко организирање, уживајќи ги сите права како и другите етнички заедници. Власите активно придонесуваат во општествените текови и во сите сегменти на секојдневното живеење. Обврска на Република Северна Македонија е да продолжи да го чува, развива и да го промовира етничкиот, јазичниот и културниот идентитет на Власите во духот на европските вредности. Нека е честит 23 Мај – Националниот ден на Власите, се наведува во честитката од претседателот Стево Пендаровски

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ