Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на АТП турнирот во Бања Лука и тоа откако денеска беше изненаден од сонардоникот Душан Лајовиќ.
Лајовиќ славеше со 2-0 во сетови со 6-4 и 7-6, поточно дојде до првата победа во меѓусебните дуели со првиот светски рекет.
-Душан е фантастична личност. Во Дејвис Купот игравме многу пати заедно. Драго ми е поради него, играше добро. заслужи да победи. Играше добро, солидно. Јас бев многу нивоа под посакуваното. Што да се прави, тоа е спорт. Се трудев, не одеше. Се чувствував слабо, бавно, под нивото.
-Во некои моменти играше поагресивно. Можеби е таа промена со него. Целиот живот игра добро на земја. Ментално остана цврст и тоа е напредокот. Јас да не верував немаше да бидам на теренот. Тоа е предуслов да биде професионален на теренот. Сплет на околности, моменталната моја состојба е далеку од нивото. Играв пасивно, доста грешев и тоа резултираше со пораз, -порача Ѓоковиќ кој се надева дека ќе биде многу подобар во Париз на Ролан Гарос.
-За Ролан Гарос се надевам дека ќе го играм најдобриот тенис. Подлогате е различна од овде и Монте Карло. Се надевам дека тогаш ќе биде подобро. Впечатоците се силни, малку се да падне, па ќе размислувам на следниот чекор, -истакна Ноле кој и на Мастерсот во Монако исто беше елиминиран во раната фаза.