Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од денес се зголемуваат за 1,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 2,00 денара по литар, соопшти вчера Регулаторната комисијата за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 81,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 84,00, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 82,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 84,00 денари.