24/11/2024
ПочетнаСветРусија загуби речиси 250.000 војници од почетокот на инвазијата, според Генералштабот на...

Русија загуби речиси 250.000 војници од почетокот на инвазијата, според Генералштабот на вооружените сили на Украина

Русија веќе загуби околу 244.270 воен персонал во Украина, а во последните 24 часа загинаа 590 руски војници. Ова го соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук, пренесе Укринформ.

Од 24 февруари 2022 година до денес, вкупните борбени загуби на Русија вклучуваат и 4.186 тенкови (+9 за последните 24 часа), 8.147 оклопни борбени возила (+11), 4.745 артилериски системи (+18), 457 системи за противвоздушна одбрана, 315 авиони, 311 хеликоптери, 7.229 моторни возила и цистерни за гориво (+18), 18 воени бродови, 3.996 беспилотни летала (+3)…

Според украинската армија, соборени се вкупно 1.347 непријателски крстосувачки ракети (+40).

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ