Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горивата за транспорт, со која се врши корекција на цените во однос на претходната одлука од 24 август 2026 година.
Од ноќеска на полноќ, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 1,00 денар по литар, со што нивната нова малопродажна цена ќе изнесува 94,00 денари, односно 96,00 денари за литар.
Од друга страна, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) бележи значително намалување од 6,50 денари по литар и новата цена ќе изнесува 95,00 денари за литар. Намалување има и кај Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое поевтинува за 3,50 денари и ќе се продава по цена од 97,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,166 денари по килограм и ќе изнесува 44,410 денари за килограм.


