24/11/2024
ПочетнаUncategorizedСелин Дион ги откажа преостанатите концерти од светската турнеја поради здравствени проблеми

Селин Дион ги откажа преостанатите концерти од светската турнеја поради здравствени проблеми

Канадската поп-ѕвезда Селин Дион соопшти дека ги откажува концертите во Европа од својата светска турнеја, планирана да продолжи ова лето, поради здравствена состојба што ѝ го отежнува настапот.

Објавата доаѓа четири месеци откако 55-годишната Селин изјави дека ѝ е дијагностицирано ретко невролошко пореметување наречено синдром на вкочанетост кое предизвикува грчеви во мускулите. Во тоа време пореметувањето ја принуди да одложи некои европски настапи во рамки на светската турнеја Courage („Храброст“).

Пејачката – најпозната по тематската песна за филмот „Титаник“ My Heart Will Go On – се огласи на „Инстаграм“ викендов за да информира дека ја откажува турнејата.

„Многу ми е жал што уште еднаш ќе ве разочарам,“ напиша таа.

„Работам навистина напорно за да ја вратам силата, но турнеите може да бидат многу тешки дури и кога сте 100 проценти во форма.“

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ