Дваесетгодишниот Шпанец по втор пат се пласираше во полуфиналето на еден Грен слем турнир. Првиот беше на УС Опен-2022, каде што на крајот ја освои титулата.
Алкараз во меѓусебните дуели со Циципас сега води 5:0, а генерално со тенисери од топ 10 има биланс 17:9.
Во полуфиналето на Грен слемот во Париз, противник на Алкараз ќе му биде Србинот Новак Ѓоковиќ, кого го совлада на единствената нивната досегашна средба.