На маргините на министерскиот состанок кој се одржа во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одржа билатерална средба со министерот на Република Молдавија г. Адријан Ефрос.
На средбата министерот Тошковски искажа благодарност за присуството на министерот Ефрос на министерскиот состанок на кој имаше плодна дискусија и размена на искуства во делот на борбата со организираниот криминал со акцент на кримучарењето мигранти, проблем со кој во изминатите години се соочува и Молдавија.
Исто така, од страна на министерот Тошковски беше потенцирана потребата од преземање на активности за склучување на Декларација за меѓусебно признавање на возачките дозволи што ќе биде од интерес на граѓаните на двете држави.
Од страна на министерот Ефрос беше истакнато дека Македонија и Молдавија се слични земји по многу параметри, а денешната средба е доказ за волјата за продлабочување на соработката особено во борбата со организираниот криминал и во таа насока упати отворена покана за посета на нивната држава и преземање на конкретни чекори за организирање на заеднички обуки на полициските службеници.