24/11/2024
ПочетнаСветБорел: ЕУ ги осудува нападот врз демократските институции и обидот за дестабилизација...

Борел: ЕУ ги осудува нападот врз демократските институции и обидот за дестабилизација на Нигер

Европската Унија со голема загриженост ги следи актуелните настани во Нигер, каде ситуацијата и натаму е тензична, по бунтот на дел од Претседателската гарда во резиденцијата на нигерскиот претседател Мохамед Базум, порача високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

– Ја потврдуваме нашата целосна поддршка за претседателот Базум и нашето уверување дека Нигер е суштински партнер на Европската Унија во реонот на Сахел, чија дестабилизација нема да им служи на интересите на никого – ниту на земјата, ниту на регионот и ниту пошироко, додава Борел во писмената изјава.

Според него, случувањата во Нигер ќе ги загрозат не само политичката стабилност на земјата и безбедноста на граѓаните, туку и напорите за справување со терористичките движења во регионот.

– Европската Унија целосно се приклучува кон изјавите на Африканската Унија, на Комисијата на АУ и на претседателството на Економска заедница на западноафриканските држави, во острата осуда на овој напад врз демократските институции и обид за дестабилизација на земјата. Европската унија е подготвена да ги поддржи своите партнери во тековните напори за изнаоѓање мирно решение за овој обид за државен удар, додава Борел во пораката.

Војската во оваа западноафриканска држава синоќа на националната телевизија објави дека извршила државен удар, дека е укинат Уставот, дека се суспендирани институциите на власта и затворени границите на државата, а дека претседателот Мохамед Базум е задржан во Претседателската палатата во главниот град Ниамеј од припадници на гардата.

Базум денеска на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) објави дека „тешко стекнатите придобивки ќе бидат зачувани“ и дека за тоа ќе се погрижат Нигерците кои ја сакаат демократијата, додека министерот за надворешни работи Хасуми Масуду напиша дека ги повикал „сите демократи и патриоти“ да се погрижат оваа „опасна авантура“ да не успее.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ